Приведен скопјанец баран по централна потерница

78

Полициски службеници од Оперативен тим потраги попладнево во 17.35 часот на ул.„Јајце” го лишиле од слобода Б.З.(82) од Скопје.

Како што информира МВР, тој бил баран по Централна потерница и наредба од Основен суд-Скопје 1, за издржување казна затвор во траење од пет години.

– Б.З. е предаден во полициска станица по што ќе биде спроведен во казнено-поправна установа, соопшти Министерството за внатрешни работи.