Приведен дебранец кој агресивно се однесувал кон полициски службеници

21

Нешто по полноќ приведен е жител на Дебар кој агресивно се однесувал кон полициски службеници кои биле на должност.

– Денеска во во 00.05 часот во Одделението за внатрешни работи во Дебар приведен е П.П.(37) од Дебар. Тој, претходно, во угостителски објект лоциран на улицата „8 септември“ во Дебар се однесувал агресивно кон полициските службеници кои преземале службени дејствија, информираше Стефан Димоски портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.

Додаде дека против П.П. ќе биде поднесена соодветна пријава