На 18.09.2023 околу 17.30 часот во тетовско Синичане, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 56-годишниот С.Е. од ова село.Тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба, за издржување на казна затвор од една година за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната, соопштуваат од МВР.