Приведено лице од Битола осомничено за кражба на автомобил

59

Едно лице од Битола е лишено од слобода, под сомнение дека во текот на вчерашниот ден, во периодот од 22 до 24 часот одзел патничко возило „тико“ со битолски регистарски ознаки. 

На 15.06.2024 во 01.30 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 33 годишник од Битола. Тој се сомничи дека во периодот од 22 до 24.00 часот на 14.06.2024 одзел патничко возило „тико“ со битолски регистарски ознаки, сопственост на 48 годишен битолчанец. Возилото било пронајдено и вратено на сопственикот, а лицето било приведено во полициска станица.  По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.