Приведени пет лица поврзани со исчезнувањето на Вања Ѓорчевска

133

Пет лица се приведени доцна синоќа поврзани со случајот на исчезнувањето на 14 годишната Вања Ѓорчевска, истрагата има напредок но во интерес на истрагата не може повеќе да се дадат информации, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Министерот Оливер Спасовски во собрание на пратенички прашања одговори дека нема апсолутна потврда дека Вања била во близина на ресторан кај Универзална сала . Министерот посочи дека исчезнувањето било пријавено од страна на нејзиниот татко околу 11 часот во понедникот. Како еден од идентификаторите за нејзиното движење е мобилниот телефон, за што семејството велеше дека последен пат сигнал од телефонот е лоциран во близина на универзалната сала.

Претходно беа пребарани сите подруми и речните корита, истрагата за исчезнувањето на Вања и понатаму продолжува.