Приведени дилери во тетовско

32

Полицијата привела две лица во тетовско, кај кои била пронајдена дрога.

-На 24.11.2022 околу 00.10 часот во тетовско Камењане, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Е.А.(23) од гостиварска Горна Бањица и Б.Џ.(33) од Гостивар затоа што што при нивен и преглед на патничко моторно возило „фолксваген голф“ со гостиварски регистарски ознаки, во кое се превезувале, биле пронајдени и одзмени кокаин, марихуана и дробилка. Двајцата се задржани во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци. – соопштуваат од МВР.