Приведени двајца крадци во Скопје, одземеното вратено на сопственикот 

8

Службеници од Полициската станица Центар вчера во 17.40 часот на улица „Македонија“ во Скопје ги лишија од слобода скопјаните Д.К.(19) и А.А.(28).

Како што денеска соопштија од МВР, тие биле затекнати при извршување „тешка кражба“ во објект на улица „Македонија“. Двајцата биле приведени во полициска станица и во службен разговор го признале делото. Кај нив биле пронајдени одземените предмети и биле вратени на сопственикот.

За настанот бил запознаен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесени пријава по член 236 од Кривичниот законик.