Браќата од „Пука козметика“ завршија со лисици на рацете на синоќешниот протест пред Собранието

65

Раперот Дарко Масларковки од дуото „Пука козметика“ на Фејсбук објави видео за тоа како се чувствува по изгласувањето на уставните промени и новото име Северна Македонија…

Еве што се случувало синоќа…

https://www.facebook.com/puka.kozmetika.3/videos/10156111860523367/

За овој настан има реакција и од МВР. Ова е реакцијата:
„На 11.01.2019 година околу 21,20 часот на улицата “Димитрие Чуповски“ во близина на Порта Македонија, едно непознато лице физички нападнало полициски службеник. Лицето било приведено, но пред да биде внесено во службено возило дошло друго лице, кое исто така физички нападнало полициски службеник. Двете лица се приведени во Полициската станица Центар и било утврдено дека станува збор за Д.М.(35) и Ж.М.(35) од Скопје. По документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци“, соопштија од МВР.