Претседателот на Ј.Африка фатен со милиони долари – наместо да се повлече, бара нов мандат

129
EPA-EFE/KIM LUDBROOK

Претседателот на ЈАР, Сирил Рамафоса нема да поднесе оставка и покрај скандалот со украдените пари од неговата фарма, изјави неговиот портпарол.

Тој е среде сландал зашто чувал големи суми пари од нејасно потекло на својот имот, а потоа ја прикрил кражбата на тие пари.

Истражната комисија, во која членуваат група правни експерти, заклучиле дека претседателот мора да одговара за тој случај. Највисоките тела на Африканскиот национален конгрес (АНЦ) треба да се состанат утре за да одлучат за следните чекори на партијата.

Портпаролот на претседателот Рамафоса рече дека тој ќе продолжи да се бори и дека наместо да се повлече, ќе бара втор мандат како лидер на партијата Африкански национален конгрес.

„Претседателот Рамафоса не поднесува оставка врз основа на неточен извештај, ниту стои настрана. Во долгорочен интерес на нашата уставна демократија е, многу подалеку од претседателствувањето на Рамафоса, да се оспори таков очигледно погрешен извештај“, рече Винсент Магвенја. .

Скандалот избувна во јуни, кога поранешниот шеф на јужноафриканската шпионска служба, Артур Фрејзер, поднесе полициски извештај во кој го обвини претседателот за прикривање на кражба на 4 милиони долари во готовина, најдени на неговата фарма за забава, Фала Фала во 2020 година. Според медиумите, парите биле скриени во перничиња на кауч.

Јужноафриканскиот претседател тврдеше дека не се четири милиони туку половина милион и дека парите ги заработил продавајќи 20 биволи на судански купувач. Бидејќи истражната комисија не можела да го пронајде тој купувач, а биволите се уште се на фармата и никој не ги презел, се појавија сомнежи за вистинитоста на тврдењата на претседателот за деловната трансакција