Претседателот на Казахстан пристигна во Москва, разговорите со Путин закажани за утре

162

Претседателот на Казахстан, Касим-Жомарт Токаев денеска пристигна во официјална посета на Москва, каде утре ќе разговара со неговиот руски колега Владимир Путин, соопшти прес-службата на казахстанскиот претседател.

„Разговорите меѓу двајцата лидери ќе се одржат утре. Покрај тоа, тие ќе учествуваат виртуелно на Форумот за меѓурегионална соработка меѓу Казахстан и Русија“, се додава во соопштението, пренесува ТАС С.

На 20 септември Токаев триумфираше на претседателските избори, освојувајќи 81,31 отсто од гласовите, а неговата инаугурација беше одржана во саботата.

По Москва, Токаев ќе отпатува за Франција, каде ќе престојува на 29 и 30 ноември и ќе разговара со францускиот колега Емануел Макрон.