Три лица, меѓу кои и едно дете, беа застрелани денеска во престрелка на Флорида.

Нападот се случил во маркетот Пабликс во Ројал Палм Бич, 130 километри северно од Мајами, соопшти полицијата.

„По пристигнувањето, полицијата пронајде три лица кои починале од прострелни рани – еден повозрасен маж, повозрасна жена и дете. Меѓу жртвите е и напаѓачот“ – соопшти канцеларијата на шерифот во округот Палм Бич.

Засега не е позната причината за нападот.

Ова е уште еден оружен инцидент во јужниот дел на Флорида во последните неколку денови.