Престрелка меѓу две возила во движење во скопски Бутел

87

Во полициска станица денеска во 17.47 часот О.И. пријавил дека на ул. „Христијан Тодоровски Карпош“, кај новиот дел после надвозникот од десна страна, од две патнички моторни возила во негов правец било пукано со автоматско оружје. Во инцидентот нема повредени.

Од МВР за МИА информираат дека О.И. посочил дека препознал дела од напаѓачите.

Инаку, било пукано од „фолксваген пајтон“ сива боја и „ауди 4“ црна боја, од страна на неколку лица.

МВР работи на расчистување на случајот.