Премногу сум изморен, не размислувам за Торонто

83

Ѕвездата на Кливленд, Леброн Џејмс со 45 поени му донесе  на својот тим во седмиот натпревар против Индијана и обезбеди пласман во полуфиналето на плејофот на Источната конференција.

Најдобриот играч на Кливленд изјави дека било исклучително тешко да се скрши отпорот на противникот и дека по седум натпревари се чувствува исклучително исцрпен.

  • Во моментов прегорен сум од умор. Воопшто не размислувам за Торонто, сакам само да си одам дома и да се одморам, истакна Џејмс кој на последниот натпревар играше 43 минути, а просечно во серијата по 41 минута.

На последниот натпревар тој по 35 минути на теренот замина во соблекувалната поради болки од грчеви, но потоа се врати и постигна уште седум поени за победа на Кливленд.

  • Ова беше многу тешка серија. Индијана не измачи како никој друг сезонава. Тие се навистина добра екипа, нагласи Џејмс.

Кливленд во полуфиналето ќе се соочи со Торонто