Премногу е ризично: Словенија не размислува за олабавување на мерките

38

Словенечката влада не размислува за олеснување на антиепидемиските мерки поради екстремно големото ширење на варијантата омикрон и стравува дека овој тренд ќе продолжи.

Како што рече министерот за здравство Јанез Поклукар за време на владината посета на Брежице во средата, ублажувањето на мерките во моментов би било прерано и премногу ризично, со оглед на тоа што врвот на овој бран на епидемијата се очекува во втората половина на февруари.

Епидемијата сè уште е во пораст, со 17.000 инфекции дневно, а минатонеделните хоспитализации беа за една третина повисоки од претходната недела, рече Поклукар.

Поради ова и зголемениот број на смртни случаи во последната недела, нерационално е сега да се размислува за олабавување на мерките.

Тоа ќе биде можно само кога овој бран ќе го достигне својот врв и кога ќе треба да се договори како понатаму, рече министерот.

Во Словенија според последните податоци во среда се потврдени рекордни 17.491 нови случаи на корона вирус.

Според НИЈЗ, од почетокот на пандемијата, ова е најголемиот дневен број на новозаразени, пренесува СТА.