Премиерот не крие, и тој ги барал руските комичари на телефон!

332

Македонскиот премиер Зоран Заев изјави дека комуникацијата меѓу него и руските пранкери Вован и Лексус била взаемна, односно дека и тој неколку пати телефонски им се јавувал убеден дека разговара со вистинските Столтенберг и Порошенко. Запрашан кога утврдил дека станува збор за наместена игра, Заев открива дека тоа го дознал дури во понеделник, кога биле објавени снимените телефонски разговори.

Бранувањата по објавата на телефонските разговори помеѓу лажните Петро Порошенко и Јенс Столтенберг со премиерот Зоран Заев, не стивнуваат.

Министерката за одбpaна Радмила Шекеринска во одбрана на партискиот лидер вели дека службите можеле да го спречат разговорот на премиерот Зоран Заев со руските пранкери само ако го правеле она што го правел Сашо Мијалков, односно само кога би ги приcлушкувале и анализирале неговите разговори. Таа истакна дека целта на ваквите „нaпaди“ е да се загpoзи нашиот пат до членство во НАТО и порача дека државата ќе мора да се навикне на вакви и слични хибридни, кибep и друг тип зaкaни. Единствено „решение“, според неа, е да престанат да се употребуваат телефони.

Премиерот Заев, ден претходно се извини за објавените три телефонски разговори со наводни руски комичари кои лажно се претставувале како екс украинскиот претседател Порошенко и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг. Ваквиот скандал предизвика нови негативни реакции во македонската јавност, а разговорите беа пренесени во Русија, како и низ регионот, додека пак социјалните мрежи се преполни со потсмев и разочараност што порано не била откриена измамата. Опозицискиот пратеник Антонио Милошоски пак, смета дека премиерот Заев морало да ги договора телефонските разговори со високи државници според точно утврдени протоколи и така немало да дојде до вакво изложување, па затоа бара и негова оставка како и одговорност.

Алексеј Стојларов – Лексус, еден од двајцата руски комичари кои во понеделникот доцна вечер на Јутјуб објавија три разговори со премиерот Заев претставувајќи му се како Петро Порошенко и Јенс Столтенберг, во интервју за „Клан“ вели дека лани „го пикирале“ шефот на македонската Влада затоа што станал попуарен откако ја обвинувал Русија во тамошните вести.

– Ние го одбравме кога чувме како тој вели дека Русија се обидела да се вмеша во внатрешните работи на Македонија и се обидела да ја спречи Македонија да стане членка на НАТО. Потоа слушнавме како Русија се обидела да организира ппотести минатата година. Така ја направиме нашата одлука да му се јавиме и го контактипавме и потоа разбравме дека сака да продолжи да разговара со нас. Така што само го зачувавме неговиот телефон и разговаравме потоа повторно во текот на една година кога ќе се сетевме на него, вели Лексус.

Додава дека видеото е споделено во понеделникот сосема случајно, односно немало предводен таргетиран период и откриваат дека немаат други видеа со Заев во моментов.

– Некои луѓе ги нарекуваат „жртви“, но тие се жртви само на нашите шеги. Кога ги одбираме, најпрвин треба да станува збор за интересна личност. За нас Зоран Заев беше непознат пред да го видиме во нашите вести. Ние ги избираме според нивната популарност. Гледаме дека некои светски лидер кажува нешто и го избираме само поради тоа, се обидуваме да го исконтактираме и да се шегуваме со него, додава тој.