Првичната идеја беше, како што вели Џаро, песната да се вика “Мамо, мамо Киро ми е драг“(се мислеше на претседателот Киро Глигоров), но менаџерот ја премисли пејачката Сузана Спасовска, која е првата што ја испеа. Песната ја доби тогаш својата конечна верзија “Мамо, мамо Џаро ми е драг“ со што стана максимално слушана. По толку години на овој некогашен хит во емисијата на “Балкан мјузик ТВ“ нè потсети Анета Молика, која од Џаро доби џентлменски бакнежи….

(Дуле МИЌИЌ)

Иако е време-невреме на пандемија, телевизиите и останатите медиуми во Македонија не мируваат. Работат со полна пареа! Тоа важи и за музичката “Балкан мјузик ТВ“ која зрачи од Скопје и која ја популаризира пред сè македонската народна песна и македонските пејачи. Весникот ВЕЧЕР, како пишан медиум, ја имаше пред некој ден единствената привилегија да присуствува кај своите колеги од овој електронски медиум на снимањето на емисијата во која како специјални гости настапија и пејачката ѕвезда Анета Мицевска со групата “Молика“ со легендата на менаџерството Велибор Џаровски-Џаро. Емисијата ќе се емитува на 4 декември на “Балкан мјузик ТВ“, а во самата емисија имавме професионално задоволство да забележиме повеќе ексклузивни ситуации. Највпечатливата се случи откако Анета со својот прекрасен глас, во живо, ја испеа по малку заборавената македонска новокомпонираната песна “Мамо, мамо Џаро ми е драг“.

Оваа песна својата премиера ја имаше пред некои 20-ина години во изведба на Сузана Спасовска, која на оваа наша успешна пејачка Џаро и беше на некој начин менаџер. Тие и приватно другаруваа некое време, па од таму дојдоа и на оригинална идеја токму така да се вика песната која потоа со месеци беше една од најпопуларните, присутна на сите тогашни фолк-топ листи. Немаше настан, забава или журка на која не се пеела “Мамо, мамо Џаро ми е драг“! Првичната идеја беше, како што вели Џаро, песната да се вика “Мамо, мамо Киро ми е драг“(се мислеше на претседателот Киро Глигоров), но менаџерот ја премисли Спасовска, па песната ја доби својата конечна верзија како “Мамо, мамо Џаро ми е драг“ со што веднаш стана примамлива, интересна и максимално слушана.                                                                                              Денес, по толку години на овој толку симпатичен хит во емисијата на “Балкан мјузик ТВ“ не потсети Анета Молика на задоволство на сите присутни, а се надеваме, допрва на задоволство и на ТВ-гледачите. По отпеаната песна Џаро и се заблагодари на Анета, дури имаше и размена на бакнежи. Како стар познат џентлмен, менаџерот и ја бакна раката на згодната пејачка и предизвика нејзино емотивно воодушевување. Сликите говорат повеќе од милион зборови…                                                      (Забрането е копирање и објавување на овие фотографии на другите Портали)