Ривалите од англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед, Ливерпул и Њукасл, со големо внимание ја следат ситуацијата околу францускиот интернационалец Адриен Рабио, кој моментално има статус на слободен фудбалер. Како и претходно, најголем проблем за секој заинтересиран клуб е барањето на играчот за врска да има годишна плата не помала од 10 мил. евра.