Премиерлигашки дуел за Руиз

38

Ривалите од англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед и Арсенал, ќе се обидат за време на летниот преоден рок да ги осигураат услугите на шпанскиот интернационалец од редовите на италијанскиот калчолигаш Наполи. Офанзивниот играч за врска сигурно ќе побара да биде продаден ова лето доколку неговиот тим повторно не обезбеди пласман во групната фаза од Лигата на шампиони, но официјалната понуда не смее да биде помала од 45 мил. евра.