Премиерлигашки дуел за Ло Селсо

93

Ривалите од англиската Премиер лига, Тотенхем и Евертон, ќе се обидат за време на летниот преоден рок да ги осигураат услугите на стандардниот првотимец во дресот на шпанскиот прволигаш Џовани Ло Селсо.

Офанзивниот играч за врска е во сопственост на актуелниот шампион на Франција, тимот на ПСЖ, но Ло Селсо не сака да се врати во Париз на крајот од актуелната сезона.

 

Големата желба на Евертон и Тотенхем може да стане реалност само доколку официјалната понуда за 23-годишниот играч не биде помала од 30 мил. евра.