Премиерлигашки дуел за Араухо

49

Големите ривали од англиската премиер лига, Челзи и Арсенал, ќе се обидат за време на летниот преоден рок да ги осигураат услугите на уругвајскиот интернационалец од редовите на каталонскиот гигант Барселона, Роналд Араухо. Централниот дефанзивец има уште 12 месеци од актуелниот договор со Барселона, а раководните лица на Челзи и на Арсенал се подготвени да понудат околу 25 мил. фунти за неговото обештетување.