Премиера на крими-комедијата „Скандал“

130

Во Театар Комедија вечер од 20 часот премиерно ќе биде изведена претставата „Скандал“ во режија на Роберт Ристов и во продукција на „Театар провокација“.

-„Театар провокација“ подготви нова провокативна интерактивна претстава во која публиката има задача да го пронајде убиецот на познатата пијанистка Лена Вагнер. Осомничени се сите присутни во фризерскиот салон…, вели режисерот Ристов, кој ја изработи и сценографијата за претставата.

Според него, се работи за урнебесна крими-комедија од која очекува да биде успешна исто колку и претставата „Првин ќе ме земеш, после ќе ме…“ која трета сезона се игра на сцената на Театар Комедија.

Во улогите ќе настапат  Никола Кузелов, Мирјана Поповска-Ристов, Даријан Петров, Јелена Мијатовиќ, Чедомир Митевски, Радо Алексовски. Костимограф е Елена Лука, кореограф – Искра Шукарова.