Прележаните од ковид-19 немаат имунитет за заштита од омикрон!

Светските лекари со нови сознанија за новата мутација на вирусот.Омикрон кај заразените предизвикува замор, болки во мускулите и главоболки, но не се губи чувството на мирис и вкус како кај другите соеви.

286

Како што велат од Светската здравствена организација, симптомите се поблаги споредено со оние на претходните мутации, но сепак треба да бидеме внимателни, да се имунизираме и да ги почитуваме ковид-протоколите. Омикрон кај заразените предизвикува замор, болки во мускулите и главоболки, но не се губи чувството на мирис и вкус како кај другите соеви. Со позитивна прогноза за омикронот е и нашиот професор д-р Нико Беќаровски, која кажува дека негова новогодишна желба е вирусот да го нема со први јануари, омикрон да се претвори во микронче.

Новата мутација на вирусот омикрон, која веќе е регистрирана во 20 земји во светот, повторно ги мобилизираше светските лекари и експерти. Многу различни согледувања, а една од нив е и дека лицата кои прележале ковид-19 од претходните мутации, не се заштитени од инфицирање со новиот сој омикрон. Како што велат од Светската здравствена организација, симптомите се поблаги споредено со оние на претходните мутации, но сепак треба да бидеме внимателни, да се имунизираме и да ги почитуваме ковид-протоколите.

Според инфектологот Ане фон Готберг од јужноафриканскиот Национален институт за преносливи болести (НИЦД), омикрон се истражува, но дека првичните набљудувања говорат дека овој со овој сој може да се заразат и да заболат и лица кои веќе прележале ковид-19.

-Но нивните симптоми се помалку тешки – охрабрува инфектологот.

Минатата недела СЗО соопшти дека новиот вид на ковид-19 е „загрижувачка варијанта“, но подоцна портпаролката на СЗО, Маргарет Харис, оцени дека омикрон не е сој што треба да предизвикува паника.

Здравствените експерти наведуваат дека новата варијанта на коронавирусот – омикрон иако е веќе доминантна во Јужна Африка и предизвикува нагло зголемување на нови инфекции, постепено се шири во светот.

Со позитивна прогноза за омикронот е и нашиот токсиколог, професорот д-р Нико Беќаровски. Тој на својот ФБ-профил пишува со голем оптимизам и вели дека негова новогодишна желба е вирусот да го нема со први јануари и омикрон да се претвори во микронче.

-На 30 дена пред Новата 2022 година да си ја кажам мојата новогодишна желба и прогноза: ОМИКРОНчето кое деновиве прави МАКРО паника, до 1 јануари да се претвори во вистинско микронче. Да си го оправда името, напиша Беќаровски.

Речиси сите производители на вакцина за заштита од коронавирусот ја почнаа постапката за создавање на нов тип на вакцина кои, првенствено ќе штитат од омикрон, иако тие тврдат дека и овие што сега се користат штитат од мутацијата. Вакцините се очекува да бидат готови за три месеци.
Шефот на „Фајзер“, д-р Алберт Бурла, деновиве потврди дека компанијата веќе работи на ажурирана вакцина како одговор на сојот омикрон, која може да биде готова за 100 дена.

Што се однесува за симптомите што се јавуваат кај заразените со омикрон се замор, болки во мускулите и главоболки, но не се губи чувството на мирис и вкус како кај другите соеви.

Кога станува збор за тоа зошто новиот вид дава поблаги симптоми, експертите сметаат дека причината можеби е тоа што има многу вакцинирани, па вакцините го ослабуваат вирусот, а друга причина е што од оваа мутација има повеќе заразено млади луѓе.

Исто така, една можна теорија е дека мутациите всушност го ослабнале вирусот и тој во иднина ќе стане сезонски како грипот.

(В.Ма.)