Преку тетоважата, Оги на својот починат вујко Џорлев му прати трогателна порака:“ Ангел мој, болат срце и душа“

166

-Требаше да го славиме неговиот 54-ти роденден…, но тој ни замина, во вечност таму  каде што нема простор за заборав, вели популарниот македонски пејач Огнен Здравковски за својот вујко, нашиот маестро Зоран Џорлев кој прерано почина, на стартот од оваа година.

Во спомен на него, Оги деновиве си направи трајна тетоважа со која засекогаш со себе ќе го носи неговиот благороден лик, а воедно и неговиот толку голем музички опус. –

Те сакам најмногу засекогаш, вујче мој!!! Вујче мој, додека сум жив и ти ќе живееш секогаш со мене. Ангел мој, непребол мој, болат и срце и душа, а и ништо не е исто сега без тебе… До следното видување, емотивно и вака преку тетоважата му порачува внукот на саканиот вујко.  Д.М.