Дома LIFE Прекрасно потсетување на Твитер: Карта на Европа според најпознатите уметнички дела на...

Прекрасно потсетување на Твитер: Карта на Европа според најпознатите уметнички дела на секоја нација

188

На Твитер вчера беше објавена мапа на која се прикажани „најпознатите уметнички дела во земјите од Европа“.

На картата се прикажани фотографии од „најважните уметнички дела“ на териториите на нивните земји, а Македонија на картата е претставена со сцена од збирката „Парискиот псалтир“ од 10. век..

Хрватска на картата е претставена со слика на „Римјанка со лаута“ од Вјекослав Карас, Босна и Херцеговина е претставена со сликата Планински пејзаж на Карл Мијиќ, Словенија на пролет на Иван Гохар, Србија со Ранетиот Црногорец на Паја Јовановиќ, Албанија на Света Марија со Исус во десната рака на сликарот Онуфрије.

Кога станува збор за слики кои стекнале светска слава, Мона Лиза на Леонардо да Винчи ја претставува Италија, додека Бакнежот на Густав Климт ја претставува Австрија. „Девојката со бисерната обетка“ ја претставува Холандија, а „Герника“ на Пикасо ја претставува Шпанија.