Прекин со водоснабдувањето во дел од Пржино

29

Поради уличен дефект на Ф-100 милиметри на улица „Милан Мијалковиќ“ број 10 во скопската населба Пржино, прекинато водоснабдување имаат корисниците на дел од оваа улица, информираат од ЈП “Водовод и Канализација” – Скопје.

Од таму посочуват дека водоснабдувањето е прекинато од 16:40 часот и прекинот ќе трае до санирање на дефектот.