Прекин на сообраќајот на потегот од село Ветуница до мостот на река Блидеш

55

Поради минирање за изградба на експресниот пат А2 делница Длабочица – Чатал утре во периодот од 13 до 16 часот ќе има прекин на сообраќајот на потегот од село Ветуница до мостот на реката Блидеш.

По минирањето, како што инфомираат од АМСМ, патничките возила ќе се пренасочуваат по спореден пат, а за сите останати возила ќе остане во прекин до расчистување на магистралниот пат.

На останатите патни правци низ државата, сообраќајот попладнево се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од држава