Преживеа ебола, а сега роди близначиња

152

Полин Каферки, шкотската медицинска сестра која го преживеа смртоносниот вирус на ебола, роди машки близначиња.

Каферки (43) работеше како волонтерка во Сиера Леоне каде што епидемија уби речиси 4.000 луѓе во 2014 година.

Татко и, Роберт Софтли Гејл, театарски режисер, ја објави среќната вест постирајќи фотографија од новородените близнаци на Инстаграм.

Бебињата се родени во вторникот во Глазгов и се уште немаат имиња.

Во изјава за медимуте Каферки рече дека е пресреќна што ги донесе на свет момчињата и рече дека има иднина за оние кои ја победиле болеста.

-Ова покажува дека има живот после еболата, рече Каферки.