Пред 20 години трчаше по автограми, а сега ќе ја предводи Франција до титулата! (Видео)

14

Фудбалската репрезентација на Франција важи за еден од фаворититте кога во прашање е титулата на претстојното Светско првенство во Русија.

Квалитетот кој го имаат „Галските петли“, пред се во нападот и средниот ред, во најмала рака е застрашувачки.

Почнувајќи од Антоан Гризман, Килијан Мбапе, Пол Погба… се се тоа ѕвезди во налет. Фантастичниот голгетер на Атлетико Мадрид, Гризман, кој се почесто е поврзуван со трансфер во Барселона, пред две децени по повод испраќањето на репрезентацијата на Франција на СП, трчаше по Зинедин Зидан, Тиери Анри, Фабијан Бартез и друштвото за да добие автограм, а сега е еден од клучните фигури во дресот на „триколорите“.

  • Тие се нашите наследници, изјави Анри.

Целата земја очекува токму Гризман да ја предводи Франција до трофејот, прв по далечната 1998 година, кога Зизу со два погодока го урна Бразил во финалето.