Пред седум години Рамос го држеше за рака, а синоќа поради него даде автогол/ВИДЕО

697
Принтскрин

Во дербито на осмото коло на шпанското фудбалско првенство, Барселона на Олимпискиот стадион ја победи Севиља со 1:0, со што барем привремено го презеде врвот на Примера.

Натпреварот го реши автоголот на Серхио Рамос во 76. минута.

Рамос дотогаш беше еден од подобрите во гостинскиот тим, но во 76. минута едноставно немаше среќа. Феран Торес нафрли од левата страна на спротивната статива до Ламине Јамал, кој со глава ја упати топката пред голот, а Рамос случајно погоди во својата мрежа.

Зад тој гол се крие навистина одлична приказна. Имено, младиот Јамал има само 16 години, а во 2016 година беше во Ла Масија на Барселона и така во пресрет на Ел Класико застана до Рамос кој го изнесе на теренот.

Јамал имаше 11 години, а тоа е уште еден доказ дека фудбалот раскажува интересни приказни.