Британскиот ММА борец, Скот Аскам, ја изненади јавноста со најавата за натпревар со Махмед Халидов. Љубителите на ММА се навикнати на најави на борби „до смрт“, но ваква сигурно немаат видено до сега.

Имено, Британецот направи нешто што никој досега не го сторил – отиде во локална клиника и закажа трансплантација на црн дроб за неговиот ривал!

Ашкам, додека го снимаа камерите, влезе во здравствената установа и на персоналот им соопшти да бидат подготвени за прием на својот ривал Махмед Халидов.

Медицинската сестра беше збунета од ваквото барање, а многу љубители на ММА спортот  – загрижени.

Дуелот во средна категорија помеѓу Ашкам и Халидов е закажан за овој викенд, односно на 7 декември (сабота), а Британецот на претходните три меѓусебни дуели славеше со нокаут. Од нив, две борби ги доби со силен удар во пределот на црниот дроб, така што симболиката со трансплантацијата е јасна.