Предупредување за летувалците во Грција: следните 72 часа времето ќе биде критично

56

Надлежните служби во Грција издадоа предупредување на временските непогоди.
Во следните три дена, почнувајќи од денес во северните и централните делови од Грција е најавено влошување на времето. Тоа ќе кулминира со бури и дождови.

Во четврток ќе биде најкритично, особено на Халкидики и на Тасос, каде што надлежните служби издадоа известување за пожари.
Јавноста се моли да ги почитува правилата и се потсетува дека е строго забрането палење на каков било оган на отворен простор.