Предлог законот за спречување на корупцијата во собраниска процедура со европско знаменце

40

Владата на Република Македонија на денешната 115-та редовна седница донесе одлука на Собранието на РМ да му предложи Предлог-законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси да се донесе по скратена постапка и со европско знаменце.

Како што соопштуваат од владината прес-служба, целта е законот да се донесе што е можно побргу со цел зајакнување на ефикасноста и независноста на Државната комисија за спречување на корупцијата и зајакнување на правната и институционална антикорупциска рамка за поефикасна превенција и борба против корупцијата.