Предлогот за референдум за приватизација на Аеродромите на Париз со над милион на потписници

39

По кризата со „жолтите елеци“, францускиот претседател Емануел Макрон објасни дека сака да го спушти прагот на активирање на референдумите за заедничка иницијатива на еден милион потписници. Уставниот совет на Франција веќе има регистрирано 1.000.500 потписи во корист на предлогот за референдум за заедничка иницијатива за приватизацијата на групата АДП (поранешна Аеродроми на Париз), јавува дописникот на МИА.

За да биде потврден, предлогот мора да биде одобрен од една десетина од регистрираните гласачи (4,7 милиони) до средината на март. Ако сè уште сме далеку од таа бројка, надминатата бројка од еден милион на потписи поддржувачите на референдумот ја ставаат во прв план симболичноста на бројката, која на еден начин го обврзува претседателот Емануел Макрон.

По кризата со „жолтите елеци“, кога беше отворено прашањето за партиципативната демократија, шефот на државата објасни дека сака да го спушти прагот на активирањето на Референдумот кога ќе има еден милион потписи во рамките на следната уставна реформа што тој има намера да ја спроведи.

Истовремено, околу 250 пратеници и сенатори (од републиканците, социјалистите и непокорна Франција и Националнит собир) ја активираа, на почетокот на април, постапката за Референдум за заедничка иницијатива, воведена во Уставот во 2008 година, но која никогаш не беше искористена.

Пратеничките групи кои стојат зад иницијативата веќе објавија дека побарале средба со претседателот Макрон.

Тие се против намерата на владата да ја приватизира групата АДП, за што побараа реферндум на кој ќе се изјаснат французите.