Предин и Дедиќ се една поинаква естетика!

26

Двоецот Зоран Предин и Матија Дедиќ во петокот во МНТ за прв пат одржаа концерт пред скопската публика во чии рамки го промовираа материјалот “Трагови у сјети”.

Ве молам исклучете ги сите светла, сакам публиката да биде во целосна темнина. Знаете, кога лицата ви се осветлени некако се срамите да пеете и играте, а кога се е темно тогаш без проблем испуштатате глас и подрипнувате од седиштата”, рече Предин и ја запеа неповторливата “Тамо да путујем”. На пијано придружуван од синот на Арсен Дедиќ и Габи Новак – Матија, темите се редеа една по друга, а публиката со срамежлив аплауз ги поздравуваше после секоја маестрално изведена композиција.

Оваа приказна ми ја кажа мајка ми и мислам дека е време да ви ја кажам и на вас. Кога сум се родил сум бил многу грдо бебе, сите се плашеле од мене. Мајка ми не знаејќи што да направи, отишла во Задар за да ми купи маска за лице, арно ама сите златни биле потрошени и не купила ништо. Денес, после толку години многу ми е жал што не ми ја купила, затоа што вечерва можев да ја ставам и автентично да се вклопам со вашиот театар”, низ насмевка прокоментира Предин некаде околу средината на концертот. Крајот, пак, беше резервиран за изведби на неколку теми од Арсен. Концертот беше во организација на Баги Комуникации.

(Ј.А.)

Фото: Н. Батев