Предавање на Стефан Новотни на фестивалот КРИК

122

Во рамки на годинашното четврто издание на Фестивалот за критичка култура КРИК во
организација на Контрапункт, во сабота (30 ноември) предавање на тема: „Едноставно, да се биде човек кој не прави ништо: за прашањето на психомоќта“ ќе одржи филозофот Стефан Новотни. Предавањето ќе се одржи во Чифте амам со почеток во 19 часот.

„Во своето предавање Новотни го допира прашањето кое денес не може повеќе да биде ограничено на предодредените центри на моќ: прашањето кое се однесува на
микрологичните операции на моќта на субјективноста или „психе“ или пак, на прашањето како „физичкото“ денес е претворено во главно место на општествена и политичка борба. Новотни ќе посочи на некои од овие проблематики – без да се изгуби од вид најважното прашање кое Музил го поставува: Која енергија е потребна денес за да „опстои светот“?“, стои во најавата на предавањето.

Стефан Новотни е филозоф, кој живее и работи во Лондон. Предава на катедрата за
Визуелни култури и е член на Центарот за филозофија и критичка мисла на Универзитетот Голдсмитс, во Лондон. Пред да му се придружи на Универзитетот Голдсмитс, во 2011 година, бил соработник на Центарот за филозофија на правото на Универзитетот во Лувен (2001–2003) и предавал на универзитетите во Германија (Линбург) и Австрија (Клагенфурт).