Прв случај на коронавирус во Северна Ирска

29

Во северна Ирска денеска е потврден првиот случај на заразен со новиот коронавирус, наречен Ковид-19.

Станува збор за пациент кој допатувал од Италија преку Даблин, изјави регионалниот службеник за здравство Мајкл Мекбрајд.

Во Обединетото Кралство претходно беа регистрирани 15 случаи на заразени со вирусот.

Извор:МИА