Прв концерт на отворено на кој целата публика била вакцинирана/ВИДЕО

53
Фото: Screenshot Twitter

Стотици посетители вакцинирани против коронавирус учествувале во петокот на концерт на отворено организиран од градската управа на Тел Авив, што е прв ваков концерт од почетокот на пандемијата.

Танцувајќи на трибините, воодушевените посетители со заштитни маски го следеа концертот на израелската поп-пејачка Иври Лидер на фудбалскиот стадион Блумфилд.

„Ова е навистина одлично, среќен сум и со нетрпение го чекам концертот“, рече Роут Гофер.

„Се надевам дека ова е почеток на времето кога ќе можеме да се вратиме во нормален живот“, додаде таа.

За да можат да влезат на стадионот, гледачите морале да покажат потврда од израелското Министерство за здравство дека ги добиле двете дози на вакцината на Фајзер/БиоНТех.

Израел, каде се вакцинирани повеќе од половина од населението барем со првата доза на вакцина против коронавирус, постепено излегува од третиот карантин на почетокот на февруари.

Пристапот до културните настани, спортските сали и хотели е достапен само за оние кои имаат потврда за вакцинација.