Денес, за прв пат од април 2022 година, ниту една планета не е ретроградна, така што ништо нема да ви застане на патот да ги реализирате сите ваши одлуки.
Денес, Марс во Близнаци формира тројка со Венера во Риби, поради што денешниот датум се смета за најсреќниот ден во февруари. Сите знаци ќе ги почувствуваат позитивните вибрации на овие планети, но овие четворица конечно ќе излезат од лошиот период.
Близнаци
Ќе почувствувате бран на позитивна енергија. Ова е вистинско време да се дружите, да се поврзете и да ги реализирате плановите кои премногу долго ги чекавте. Овој транзит ќе ја поттикне вашата креативност. Ако чувствувате дека одите во премногу различни насоки одеднаш, обидете се да го стесните вашиот фокус на една тема.
Скорпија
Во последно време размислувате за посериозни аспекти од животот, но овој транзит ве поттикнува да ги насочите овие чувства во нов проект. Ослободете го вашиот креативен дух бидејќи денешната инспирација доаѓа од најчудните извори. Доколку сте во врска, одлично време е повторно да ги разгорите страстите, а доколку сте слободни би можеле да запознаете некој кој ќе ви го разбуди умот.
Водолија
Многумина од вас ќе почнат да заработуваат многу подобро. Добро време е да се почестите со нешто, но не претерувајте. Ќе почувствувате потреба да вложите време, енергија, или пари во потрагата по нови цели и идеи. Овој транзит ја буди вашата спонтаност и креативност.
Риба
Љубовниот и семејниот живот ќе ви бидат полни со возбуда, а повремено и драма. Ќе почувствувате потреба да преземете нешто и да промените нешто од кое не сте биле задоволни долго време. Иако не треба непотребно да иницирате конфликти, ќе разберете дека треба да се ставите себеси и вашите потреби на прво место. Сега е време да се посветите на остварување на вашите желби.