Некако, со популарноста што ја стекна Дилета Леота во последните неколку години, бројни други, сигурно подеднакво привлечни спортски водителки и новинарки паднаа во нејзината сенка.

Сепак, се чини дека сега може да биде засенета од Химена Санчез, а привлечната 36-годишна Мексиканка работи во американскиот „Фокс Спортс“. Таа се здоби со голема популарност објавувајќи провокативни и голи фотографии на социјалните мрежи и веднаш го привлече вниманието на бројните медиумски куќи кои сфатија дека нејзиниот изглед може да ја зголеми нивната популарност и гледаност кај машкиот дел од публиката.

Била ангажирана и благодарение на фактот дека следи спорт, па известува бројни големи спортски настани во Северна и Централна Америка.

За нејзината популарност секако придонесе и домашното видео за возрасни, кое протече во јавноста и кружи на Интернет со години.