Први снимки од силниот земјотрес во Авганистан: Се тресат згради, граѓаните бегаат надвор/ВИДЕО

338
EPA-EFE/FAROOQ KHAN

Силен земјотрес од 6,5 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Авганистан, а тресењето на тлото се почувствува и во соседен Пакистан, како и во Индија.

На социјалните мрежи почнаа да се шират снимки од силниот земјотрес, а на видеата се гледа како се тресат згради и мебелот во куќите.

Авганистанците, како што се гледа во телевизиските извештаи, ги напуштиле своите куќи по силниот земјотрес за да најдат безбедно засолниште во случај на колапс.

Земјотресот се случи во регионот Хинду Куш, а беше почувствуван низ цел Пакистан, Таџикистан, како и во главниот град на Индија, Њу Делхи.

Земјотресот се случил на длабочина од 184 километри, а магнитудата е 6,5 степени според Рихтеровата скала.

Засега нема информации за потенцијални жртви, или материјална штета.