Првите автобусите на гас пристигнуваат во првата половина на март

526

Дел од новите автобуси на гас ќе пристигнат во првата половина на март. Ова го најави скопскиот градоначалник, Петре Шилегов на својата фејбук страница.

Според договорот кој беше потпишан лани во септември, ќе бидат набавени вкупно 33 нископодни автобуси, 21 единечен, со капацитет за 81 патник и 12 зглобни за 149 патници.

Во сите автобуси ќе има дополнителна опрема, како вградени полначи за телефони. Со новите еколошки автобуси годишно ќе се заштедат 25.000 евра за гориво во споредба со двокатните кинески и воопшто нема да загадуваат.

Набавката на новите еколошки автобуси чини 10 милиони евра, а парите се обезбедени преку кредит од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).

Според постигната цена на тендерот, еден единечен автобус чини 263.000 евра, а зглобните по 334.000 евра.

Рокот на испорака на сите 33 автобуси е 10 месеци или до јуни годинава, но постигнат е договор со производителот „МАН“, сите автобуси во Скопје да стигнат пред предвидениот рок.

Извор: Град Скопје