Првиот снег со Ристе Ристески – тој разголен со топол чај – Знае како треба со обожавателките

183

Македонскиот поп-пејач Ристе Ристески и победник на “Ѕвездите на Гранд“ во ова сега вистинско зимско време најде начин како да ужива. И тоа во првиот снег кој рано наутро го забели Охрид. Ристе пак живее во Охрид, а во Балканскиот Ерусалим е веќе снежна идила. Изгледа дека дома му е најтопло. Ристе е таму откако поради пандемијата и намален број на настапи се врати од Белград во кој имаше за цел да направи голема кариера. Но, со оваа болештина никој не успеал сè уште да излезе како победник, па Ристе се помирил со реалноста, дека од сè здравјето е најважно.

А, дека кај него во здраво тело има и здрав дух, покажува самиот тој. Покрај прозорецот разголен до пола се буди, малку мамурен, но насмеан со шолја топол чај, гледајќи во првиот овогодишен снег.

И тоа во саканиот Охрид, за разлика од Скопје кое снегот по некое непишано нејасно правило често го заобиколува. Откако ја стави сликата на Инстаграм, во истиот момент Ристе ги разбуди и над стотина девојки, кои не престануваат да му коментираат…

“Срце, а јас до дојдам до тебе заедно да гледаме во снегот и да го пиеме чајот… Вака секое утро да ме будиш и да посакаш заедно да пиеме чај загледани во снегот… Колку си безобразен, што ставаш вакви слики од рано наутро денот ќе ми го направиш да не ми биде добро…“, се само мал дел од срцепарателните коментари на обожавателките на Ристе. (Д.М.)