Првиот обид се покажа успешен: Франција тестираше балистичка ракета

99

Франција успешно ја тестираше балистичката ракета со долг дострел М51.3, зајакнувајќи го кредибилитетот на француските способности за нуклеарно одвраќање.

Ова го соопшти Министерството за одбрана.

Ракетата, која не носеше нуклеарно оружје, беше истрелана од полигонот Бискарос на француската војска во југозападна Франција и падна во северниот дел на Атлантикот, на стотици километри од кој било брег, соопшти Министерството, без да даде дополнителни детали.

„Летот овозможи да се потврди големото подобрување на ракетата што ќе придонесе за траен кредибилитет на француската океанско одвраќање во наредните децении“, се вели во соопштението на Министерството во неделата.

Се додава дека одржувањето на оперативниот кредибилитет на француското нуклеарно оружје е неопходно со оглед на меѓународната средина.

По руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, претседателот Владимир Путин повеќепати го предупреди Западот дека е биде подготвен да користи нуклеарно оружје за да ја одбрани Русија.

Ракетата М51.3 е надградена верзија на М51, тристепена стратешка балистичка ракета море-копно, дизајнирана да биде лансирана од подморници на француската морнарица. М51 првпат беше тестиран од копнена база во 2006 година и од подморница во 2010 година, годината кога беше пуштен во употреба.

Новата ракета М51.3, која се очекува да стапи во употреба околу 2025 година, е развиена од ArianeGroup, заедничко вложување помеѓу Ербас и француската одбранбена групација Сафран.