Законот за работни односи за изведба на коридорите од „Бехтел и Енка“ утре ќе се разгледува на пленарна седница.
Во истовреме, на Комисијата за европски прашања ќе се разгледува Законот за урбанистичко планирање, што исто така е дел од пакетот закони за коридорите.
Групата од пет закони се разгледуваат по скратена постапка, со назнака„ европско знаменце„што овозможува побрзо да бидат донесени и да ја озаконат договорената изградба на коридорите 8 и 10д со компанијата Бехтел и Енка.