Ракометарите на Еурофарм Пелистер, ја забележаа првата победа во петтиот натпревар во групната фаза од Европската лига. Избраниците на тренерот Жељко Бабиќ, на домашен терен го совалдаа Тримо Требње со 33:26 и му се ревнашираа за поразот од пред седум дена на гостински терен.

Битолчани на овој натпревар играа како по ноти. Уште на стартот од натпреварот ја презедоа контролата на играта и резултатски се одлепија. Во текот на мечот постојано ја зголемуваа предноста и заслужено стигнаа до победата.

Мандалиниќ со 11 гола, беше најефикасен во победничкиот тим, Кушан постигна 6, додека Маџовски и Граџан го завршија мечот со по 4 гола

За битолскиот клуб ова беше последен меч во 2020 година. Во овие 12 месеци одигра само шест натпревари (три во гости и три на свој терен) и запиша една победа, едно реми и четири порази.

Фото: Еурофарм Пелистер