Прва жртва на корона вирусот во Хонг Конг

71

Хонг Конг ја регистрира првата жртва на заразата на своја територија, откако маж почина со новиот корона вирус, наведуваат британските медиуми.

Ова е вториот фатален случаj надвор од границите на континентална Кина.Првиот се случи на Филипини.

Мажот што починал имал и друго заболување, сооопшти локалниот ТВ канал TVB. Починатиот маж се заразил во кинескиот град Вухан, каде бил во  посета.

Неговата смрт доаѓа во момент кога стотици медицински работници од градот веќе втор ден штрајкуваат со барања властите во Хонг Конг целосно да го откажат пристапот на луѓето од континентална Кина.

Во Хонг Конг досега има 15 потврдени случаи на корона вирус.