Прва егзекуција на жена во САД по 67 години

60

Американските власти во декември годинава, првпат по 1953 година, ќе извршат смртна казна на сојузно ниво над една жена, соопшти минитерството за правосудство.

Лиза Монтгомери во 2004 година задавила трудна жене во сојузната држава Мисури, по што од нејзината матка го извадила бебето. Монтгоменри ќе биде погубена со смртоносна инјекција во затвор во сојузната држава Индијана на 8-ми декември. Американскиот државен обвинител, кој воедно е и министер за правосудство, Вилјам Бар, оцени дека станува збор за „особено гнасно злосторство“.

Во 2019 година администрацијата на претседателот Доналд Трамп објави дека по децениски застој, ќе продолжи со сојузните егзекуции на осудениците на смртна казна за кои се одбиени сите жалби.

Монтгомери во декември 2004 година отпатувала од Канзас во домот на Боби Џо Стинет во Мисури за од неа да купи кутре, се наведува во соопштенеито на американското министерство за правосудство.

„Кога Монтгомери влегла во нејзината куќа, почнала да ја дави Стинет, која била во осмиот месец од бременоста, сѐ додека жртвата не паднала во бесознание“, се додава во образложието.

„Потоа Монтгомери со кујнски нож ѝ ја засекла утробата, поради што таа ја повратила свеста. Борбата продолжила и Монтгомери ја задавила Стинет. Монтгомери потоа го извадила бебето од телото, го земала со себе и се обидела бебето да го претстави како свое“, додава министерството.

Судот во 2007 година пресуди дека Монтгомери е виновна за грабнување и убиство, и едногласно одлучи за смртна казна. Адвокатите на Монтгомери тврдат дека таа има оштетување на мозокот, бидејќи ја тепале додека била дете, како и дека е ментално болна, поради што не би требало да биде егзекутирана.

Федералната смртна казна постои во сите 50 американски сојузни држави и територии, но се користи исклучително ретко. Особено загриженост предизвикува во оние сојузни држави во кои е укината смртната казна.

Последната жена која е погубена во САД на федерално ниво била Бони Емили Хеди во Мисури, во 1953 година, заедно со нејзиниот партнер, поради киднапирање и убиство на шестогодишниот син на американски индустријалец Роберт Косгров Гинлиус во Канзас кога бил платен откуп од 600.000 долари дотогаш најголемиот во историјата.