Прајс: САД поддржуваат отворање преговори за влез во ЕУ со С Македонија и Албанија без одложување

21

Портпаролот на американскиот Стејт департмент Нед Прајс, објави дека САД поддржуваат отворање преговори за членство во ЕУ со Северна Македонија и Албанија, без одложување.
„Поддржуваме отворање преговори за членство во ЕУ со Северна Македонија и Албанија без одложување. Се ангажираме на највисоки нивоа во Владата, за да ја демонстрираме нашата посветеност кон европскиот пат на земјите аспиранти“, напиша Прајс на Твитер.