epa09988866 Rafael Nadal of Spain (R) reacts with Novak Djokovic of Serbia after winning their men’s quarterfinal match during the French Open tennis tournament at Roland ​Garros in Paris, France, 01 June 2022. EPA-EFE/MOHAMMED BADRA

Норвешкиот тенисер Каспер Руд деновиве е на турнеја во Јужна Америка со Шпанецот Рафаел Надал, двајцата ќе играат во неколку земји, а прва станица е Аргентина. Инаку, Руд како мал бил голем обожавател на Надал, а еден од поразите на Шпанецот особено  тешко го поднесол.

„Би го сменил финалето на Австралија опен во 2012 година, тој долг натпревар против Ѓоковиќ“, рече Руд.

Тоа финале во Мелбурн му припадна на Новак по пет сета и пет часа и 53 минути игра, што е најдолгото Грен слем финале во историјата.

„Тоа беше натпревар што ме натера да се чувствувам навистина лошо со часови“, рече Руд, на што Надал се надоврза со шеговита забелешка.

-Мора да го повикате Новак, да видите дали сака да ми го врати трофејот“, изјави Надал.

Оваа сезона Руд го загуби финалето на Ролан Гарос од Надал, САД Опен од Алкараз и на крајот завршниот Мастерс, каде што Ѓоковиќ беше подобар.

“Мислам дека најнеизвесното финале беше на САД Опен. Беше 1:1 во сетови. Имав сет-поен во третиот сет, кој за жал не го искористив”, изјави Руд.

Надал и Руд ќе играат во Буенос Аирес, Сантијаго, Богота, Кито, Бело Хоризонте и конечно на 1 декември во Мексико Сити.