Празнично: “Некст тајм“ за 11 Октомври ќе нè почестат со “Јовка кумановка“

97

-Со гордост ви го најавуваме нашето најново видео за песната “Прошета се Јовка кумановка”.
Промоцијата ќе се одржи на 11 Октомври во НУЦК “Трајко Прокопиев” – Куманово.
Горди сме што со оваа обработка заедно ќе заокружиме 500 години Куманово. Веруваме дека Македонија повторно ќе ужива во уште една наша обработка…“, вака велат момците Стефан и Мартин од актуелното дуо “Некст тајм“ за нивната (празнична) промоција за новата песна, всушност обработка на старата македонска “Прошета се Јовка кумановка“. Пред оваа обработка браќата имале и други обработки “Слушам кај шумат шумите“, “Нешто ќе те питам бабо“, а за “Ја излези Ѓурѓо“ сепак добиле најмногу позитивни коментари и безброј честитки, како за песната што ја донеле на модерен начин, така и за необично одличниот видеоспот.  Д.М.